петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Петмина повредени во сообраќајка на патот Стари Град – Богомила

Петмина повредени во сообраќајка на патот Стари Град – Богомила

На 11.04.2021 околу 17.20 часот на регионалниот пат Стари Град – Богомила, на влез на с.Согле, општина Чашка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(26) од с.Согле и патничко возило „опел астра“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.П.(38) од Велес.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.П(79) од Велес, констатирани во Општата болница Велес. Додека, двајцата возачи и уште двајца сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Велес.

Коронавирус