среда, 22. март 2023. Вести денес: 66
home Хроника

Пет лица тешко повредени во 35 сообраќајки во Скопје за продолжениот викенд

Пет лица тешко повредени во 35 сообраќајки во Скопје за продолжениот викенд

Пет лица биле потешко повредени во четири од вкупно 35 сообраќајки регистрирани во текот на продолжениот празничен викенд на подрачјето на СВР Скопје.

Во девет сообраќајки полесно се повредени 14 лица, а во 22 е причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека продолжениов викенд сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи не дале првенство на минување на пешаци.

Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 36 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и четворица возачи почетници, како и 34 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 148 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила.

loading...