понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 97
home Хроника

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Пет лица повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Пет лица се повредени од кои четири потешко во сообраќајна несреќа која вчера околу 17.35 часот се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај с.Опеница.

Во несреќата учествувале три возила: автомобил „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(61) од Битола, автомобил „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Коронавирус