Пет лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19:30 часот на локалниот пат Радишани-Љуботен.
Од полицијата информираат дека сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од С.З.(21) од Скопје и патничко моторно возило “Мерцедес А“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Ј.(47) од Скопје.
-Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатник на возраст од 17 години од возилото “Фолксваген Голф“ додека со телесни повреди се здобил возачот на “мерцедесот“ Х.Ј. како и двајца негови сопатници на возраст од по 12 години. Возачот на „голфот“ С.З. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.