четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Хроника

Пет лица повредени кај Табановце: Возач од Египет се превртел со автомобил

Пет лица повредени кај Табановце: Возач од Египет се превртел со автомобил

На 17.07.2018 година во 15:30 часот било пријавено дека на автопатот Граничен премин Табановце – Куманово во насока кон Куманово, патничко моторно возило „Jeep“ управувано од K.K.A.A.(1972) од Египет, а живее во Холандија излетало од патот и се превртело на десната страна од коловозот.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот и уште четворица сопатници од неговото возило биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово за укажување на лекарска помош и од страна на лекар им биле констатирани повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус