петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Пет лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајни незгоди што се случиле во текот на изминатиот ден. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 31 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила девет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, двајца почетници, како и девет нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи кои не дале првенство наминување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување,  тројца возачи за не носење заштитен шлем, 19 возачи за не носење сигурносен појас, како и 15 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Вчера санкционирани биле и четворица пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 71 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 68 возила.