недела, 27. септември 2020. Вести денес: 27
home Хроника

Пешак усмртен во Кичево

Пешак усмртен во Кичево

Пешак удрен од автомобил им подлегнал на повредите на лице место, а лекарската екипа можела само да констатира смрт.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу 15.50 часот на крстосницата од ул.„Цветко Јаковлевски“ и ул.„Јордан Пиперката“ во Кичево кога патничко возило „Даеву нубира“, со охридски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.К.(57) од Кичево.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кичево.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Коронавирус