сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Хроника

Пешак усмртен на патот Тетово-Јажинце, возачот избегал

Пешак усмртен на патот Тетово-Јажинце, возачот избегал

На 06.12.2020 во 17.27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од с.Дебреше, по што го напуштило местото, информира МВР.

Пешакот починал на место на незгодата, а смртта била контатирна од лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус