петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Хроника

Пешак тешко повреден во Велес

Пешак тешко повреден во Велес

Велешанецот Д.М. (84) е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера во 9 часот се случила на крстосницата од улиците “Димитар Влахов“ и “Кресненско востание“ во Велес.

-Товарно возило „Форд транзит“ со велешки регистерски ознаки, управувано од И.М.(25) во Велес удрило во  пешакот Д.М.(84) од Велес. И.М., движејќи го возилото наназад, го удрил пешакот, кој се здобил со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Повредениот пешак бил пренесен и задржан во Медицински центар Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус