вторник, 9. март 2021. Вести денес: 15
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На 25.01.2021 во 08,00 часот на крстосницата од улица “Франклин Рузвелт” и улица “Орце Николов”, С.С.(27) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило “хонда сивик” со скопски регистарски ознаки удрила во пешакот Д.С.(41) од Скопје, информираат од МВР.

По незгодата, Д.С. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коронавирус