четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 149
home Хроника

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

На 31.12.2020 во 16.10 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Крушевска“, патничко возило „лада нива“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(48) од Прилеп удрило во пешакот Д.К.(48) од Прилеп, информира МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус