сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден, прегазен на патот Куманово-Скопје

Пешак тешко повреден, прегазен на патот Куманово-Скопје

Четириесет годишниот П.К. од кумановското село Умин Дол е тешко повреден откако вчера околу 19:20 часот бил удрен на регионалниот пат Куманово-Скопје од патничко возило „Фолксваген Голф“ управувано од С.Б. (57) од село Орланци.

-Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Куманово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус