М.Ч.(62) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако вчера била удрена од велосипед управуван од Н.Ш. (60) од Скопје.
Несреќата, информира МВР, се случила околу 12:15 часот на бул.„Партизански одреди“, а повредите кај жената се констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.