сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Пешак тешко повреден на раскрсница во Струмица

Пешак тешко повреден на раскрсница во Струмица

Едно повозрасно лице е потешко повредено откако во него удрил автомобил на раскрсница во Струмица, соопшти МВР.

-На крстосница од улицата „Ленинова“ со улиците „Бр.Миладинови“ и „Цветан Димов“ вчера во 12:30 часот се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд Галакси“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.Т ( 26) од село Вељуса удрил во пешак С.К. (75) од Струмица. С.К се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица пуштен е на домашно лекување, се вели во соопштението од МВР.