понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 56
home Хроника

Пешак тешко повреден на Партизанска

Пешак тешко повреден на Партизанска

Автомобил „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.И.(28) од Прилеп, удрил во пешакот Р.С.(81) од Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 14:40 часот на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.