понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден кај „Капитол“

Пешак тешко повреден кај „Капитол“

На 20.12.2019 во 09:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица позади Трговскиот центар „Капитол“, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(54) од Скопје, удрило во пешак В.Ј.(81) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус