сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Пешак тешко повреден, итно пренесен во болница во Куманово

Пешак тешко повреден, итно пренесен во болница во Куманово

На локалниот пат во село Слупчане, општина Липково, вчера во 21.40 часот, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од село Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од село Слупчане.

Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.