недела, 23. септември 2018. Вести денес: 62
home Хроника

Пешак прегазен во Неготино, со тешки повреден пренесен во Клинички

Пешак прегазен во Неготино, со тешки повреден пренесен во Клинички

Пешакот Б.С.(83) од Неготино е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 19:20 часот се случила во Неготино.

Како што информираат од полицијата, несреќата се случила на крстосница на улиците „Мaршал Тито“, „Борис Кидрич“ и ул.„Антигона“.

-Патничко  возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(61) од Кавадарци, удрило во пешакот Б.С.(83) од Неготино. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош лицето бил пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје, посочуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.