вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 174
home Хроника

Пешак прегазен на патот Охрид-Струга

Пешак прегазен на патот Охрид-Струга

Скопјанец се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Охрид-Струга.

Несреќата, се случила вчера попладне кога автомобил „Фиат брава“, со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Ќ.(32) од с.Лабуништа, струшко, удрил во пешакот Ј.Т.(33) од с.Волково, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Коронавирус