понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Хроника

Пешак повреден во сообраќајка во Скопје

Пешак од Скопје е повреден во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 21:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје.
Пешак повреден во сообраќајка во Скопје

Како што информира МВР, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (19) од Скопје удрило во пешакот Д.Д. (30), кој се здобил со повреди од незгодата.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус