понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 28
home Хроника

Пешак и велосипедист повредени во две сообраќајки

Пешак и велосипедист повредени во две сообраќајки

Пешак и велосипедист се повредени во две посебни сообраќајни несреќи кои се случиле вчера.

Во населба Илинден, „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(30) од с.Јурумлери, скопско, удрил во пешакот Н.Х.С.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Х.С., по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

На крстосница од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Христофер Жефаровиќ“ и „Сава Михајлов“,  „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(70) од с.Стајковци, удрил во велосипедистот В.Т.(82) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Од МВР информираат дека во двата случаи извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус