четврток, 22. април 2021. Вести денес: 92
home Хроника

ПЕПЛОСА ХОТЕЛ ВО РАДОЖДА- огнот ја зафатил целата кровна конструкција и три хотелски соби со инвентар

ПЕПЛОСА ХОТЕЛ ВО РАДОЖДА- огнот ја зафатил целата кровна конструкција и три хотелски соби со инвентар

Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.

СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на А.Ш.(47) од селото Радожда.

– Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и Територијалната против пожарна единица од Струга, која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење, информира полицијата.

Коронавирус