недела, 27. септември 2020. Вести денес: 43
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Хроника

Пензионери од Штип и Свети Николе измамени при набавка на огревни дрва

Пензионери од Штип и Свети Николе измамени при набавка на огревни дрва

Две измами со огревно дрво се регистрирани во Свети Николе и Штип, во кои повторно жртви на измамнинците се пензионери.

Во првиот случај 87 годишен пензионер од Штип пријавил дека вчера бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека според пријавеното, околу 12:00 часот во неговиот дом на ул.„Цветан Димов“ во Штип дошло лицето и му понудило огревно дрво, а откако се договориле тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не му донело дрва.

Во вториот случај жртва е 67 годишна пензионерка од Свети Николе, која пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 7.000 денари. во нејзиниот дом на ул. „Ванчо Ангелов“ во Свети Николе дошло лицето и и понудило три кубни метри огревни дрва за сума од 7.000 денари. Според пријавата, таа му ги дала парите, по што заминало, но не и донело дрва.

Полцијата и во двата случаи постапува. Панајотова апелира граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, кои не се први случаи во источниот регион, во кои се измамени пензионери. (МИА)

Коронавирус