понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 51
home Хроника

Пазете што објавувате на Фејсбук- Маж од Кочани ќе одговара пред полицијата

Пазете што објавувате на Фејсбук- Маж од Кочани ќе одговара пред полицијата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 50-годишниот Ѓ.С. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „фалсификување исправа“.

На социјалната мрежа ,,Facebook”, од негов профил пријавениот објавил заканувачка содржина, а по преземени мерки, на 20.05.2019 година во Кочани, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле фалсификувана патна исправа и лична карта од Република Словенија на кои била поставена фотографија од пријавениот.

Коронавирус