петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Патнички воз удри во автомобил во Скопје- еве ги деталите

Патнички воз удри во автомобил во Скопје- еве ги деталите

Патнички воз удри во автомобил на пругата помеѓу железничките станици Маџари и Илинден.

Според информациите на МВР, вчера во 19.10 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Маџари и железничката станица Илинден се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Табановце, управуван од В.Б.(35) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Б.(41) од Скопје.

Во незгодата била причинета материјална штета, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус