недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Хроника

Патничката во срушениот авион е братучетка на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф

Патничката во срушениот авион е братучетка на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф

Бугарските медиуми откриваат детали за загинатите патници во цесната над Солунска Глава. Според dir.bg загинатите се роднини на поранешниот министер за правда Петар Корнажев и на поранешната претседателка на Бразил, Дилма Русеф.

47-годишната Калина Корнејева-Бошнакова е внука на Питер Корнајев и братучетка на Русеф. Калина Корнајева работела како адвокат во Софија.

18-годишната ќерка Билјана била ученичка во Американскиот колеџ во Софија, а сопругот Георги Бошнаков, кој го управувал урнатиот авион, имал фирма за рециклирање на отпад и бил познат бугарски бизнисмен. Тој поседувал дозвола за летање.

Четворицата бугарски државјани загинаа со мал авион во Македонија во вторникот попладне. Авионот беше од типот „Cessna P-210“ . Првиот сигнал за инцидентот беше примен на аеродромот во Скопје. Пилотот пријавил екстремни турбуленции и ниски облаци но сигналот набругу е изгубен.

Коронавирус