вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 138
home Хроника

Парични казни за седум лица во Битола​

Парични казни за седум лица во Битола​

Обвинетите за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 не постапилe според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

-Тие, во одделни кривично правни настани за време додека забраната за движење на населението на целата територија на државата била во сила, биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола како се движат пеш или со возила без притоа да поседуваат дозвола за движење, информираат од Обвинителството

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска проиввредност.​

Коронавирус