сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Хроника

Паднал со мотор на патот Скопје -Куманово, со тешки повреди хоспитализиран на Клинички

Паднал со мотор на патот Скопје -Куманово, со тешки повреди хоспитализиран на Клинички

Дваесет и едно годишниот М.Р. од Арачиново се здобил со тешки повреди откако изгубил контрола над мотор „Јамаха“ и паднал на коловоз.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје -Куманово.

-М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус