Маж од Куамново тешко се повредил кога паднал по скали, па итно бил пренесен во болница.
Во 16.50 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 54-годишен маж.
Се работи за Т.Б. од Куманово, кој според пријавеното се повредил при пад од скали на објект во изградба на место викано „Стара бања“ во селото Проевце, кумановско, на кој бил сопственик.
Се работи на расчистување на случајот.