петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија

Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија

Здравствениот работник Г.Г.(56) од Скопје вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат од пациентот Г.С. (38) од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, според пријавата на Г.Г., нападот се случил вчера околу 9.15 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, на Оддел токсикологија, додека извршувал работни задачи.

Случајот е пријавен во Полициската станица Центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус