петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Хроника

Овие граѓани од Македонија не ги почитувале мерките за самоизолација и полициски час

Овие граѓани од Македонија не ги почитувале мерките за самоизолација и полициски час

Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против М.Т. (44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.

Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К. (23) од село Подареш, Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22 март 2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Ф.Ј. (43) и П.Ј. (19), двајцата од село Подареш, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22 март 2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ј.Б.(32) од Струмица и Л.Ч (35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23 март 2020 во 21.05 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај село Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, управувано од Ј.Б. и сопатник Л.Ч., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Р. (32) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23 март 2020 во 21.45 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај село Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, управувано од Р.Р. и сопатник Р.А., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Г. (39) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Т. (53) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.(52) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба, издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. (36) од село Мрзенци, Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.В. (57) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23 март 2020 во 21.35 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.В.(59) од село Добрејци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 00.50 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Македонија.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.П. (30) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24 март 2020 во 22.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Т. (23) и М.Т. (21) двајцата од село Ораовица, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.П. (35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 02.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Д. (34), од село Богородица, Гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 21.20 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Д.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 23.10 часот, на ул.„8 Септември“, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Н. (27) од село Бучим, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.40 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Н.(54) од село Подареш, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.В.(39) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе четири кривични пријави против В.А. (49), Т.С.(27), А.С.(25) и Н.М.(21), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28 март 2020, кај каменолом на регионалниот пат село Свидовица – село Куклиш, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против Ј.Д.(30) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 01.10 часот кај Градска порта, на влезот на Неготино, полициски службеници го сопреле пријавениот кој управувал патничко возило „цитроен“, во кое сопатник бил 15-годишник од Кавадарци, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против В.В.(60) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Т.Н. (20) од Велес, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 00.25 часот, кај касарната на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, при што не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 00.10 часот, во близина на угостителски објект на ул. „8 Септември“, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против О.М. (22) од Градско и И.М. (25) од село Уланци, Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27 март 2020 во 00.40 часот, во близина на винарија во Градско, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.И.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24 март 2020 во 22.00 часот полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи по ул.„Илинденска“ во Битола, односно не постапил и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.Д.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 околу 02.30 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи кон бензинска пумпа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, без соодветна дозвола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26 март 2020 во 00.50 часот, на ул.„Мице Козар“ во Прилеп пријавениот, без дозвола за движење се движел кон бензиска пумпа, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25 март 2020 во 23.05 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот, без дозвола за движење, кај бензинска пумпа на патот Прилеп – Битола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“.

Ова се само дел од граѓаните од Македонија кои не ги почитувале мерките за самоизолација и полициски час.

Коронавирус