вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Отворена истрага против скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана и амфетамин

Отворена истрага против скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на ул. „Охридска“, во кој престојувал осомничениот 36-годишен скопјанец, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.

Бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи  и дека постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.