четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Откриено комбе полно со мигранти на автопатот Куманово-Табановце

Откриено комбе полно со мигранти на автопатот Куманово-Табановце

Македонската полиција откри криумчарење на мигранти на автопатот Куманово – с. Табановце,

-На 08.11.2019 во 07.45 часот на автопатот Куманово – с.Табановце, во близина на обиколницата, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот забележале сопрено возило „фолксваген комби“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегувале патници. Полициски службеници при преглед утврдиле дека станува збор за шест мигранти, од кои тројца од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Иран, кои биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус