четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

Откриени 40 мигранти во комбе кај Штип, возачот уапсен

Откриени 40 мигранти во комбе кај Штип, возачот уапсен

Комбе со велешки регистарски таблички, полно со 40 мигранти, ноќеска, еден час пред полноќ било откриено во близина на селото Лакавица кај Штип.

Како што наведуваат од МВР:

На 26.02.2020 во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на с.Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус