вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 136
home Хроника

Откриен идентитетот на жената која што вчера се удави во Вардар

Откриен идентитетот на жената која што вчера се удави во Вардар

Скопјанката Ф.В.(68) е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Како што претходно беше јавено, телото на жената го забележал минувач на кејот и повикал полиција.