понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 156
home Хроника

Осумнаесет лица возеле под дејство на алкохол по патиштата низ истокот

Осумнаесет лица возеле под дејство на алкохол по патиштата низ истокот

И покрај засилените полициски контроли на патиштата, се уште има возачи, кои се дрзнуваат да седнат зад воланот во алкохолизирана состојба, покажа и последната полициска контрола, што се спроведе во текот на викендот на патиштата што се под надлежност на СВР-Штип.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, информира дека за време на викендот при извршената акциска контрола кај 18 возачи е утврдено присуство на алкохол.

– Тие возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандантни платни налози. Откриени се и 20 останати прекршоци, истите се санкционирани, вели Панајотова.

Таа истакна дека и понатаму СВР-Штип ќе продолжи да презема акциски контроли, за спречување и санкционирање на лицата кои возат под дејство на алкохол, не ја прилагодуваат брзината на возилата, првенство на минување, неправилно претекнување и други сообраќајни прекршоци.

Коронавирус