сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Осумдневен притвор за лекарката од Куманово која беше фатена со мито

Осумдневен притвор за лекарката од Куманово која беше фатена со мито

Полицијата пред два дена во автомобил н лекарката паркиран во кругот на кумновската болница пронајден 98 000 денари, а кај медицинска сестра во ова одделение 18 000 денари
Лекарката од пациентите земала по 12 000 денари за хируршки интервенции правени во кумановската болница, иако пациентите биле здравствено осигурани и требало да платат само партиципација.

Лекарката од Општата болница од Куманово која пред два дена беше фатена со поткуп од пациенти доби осумдневен притвор, а кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка против неа поради постоење основано сомневање дека сторила криични дела: Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 во врска со став 1, а во врска со член 45 став 1 и Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО, лекарката од Очното одделение на кумановската болница на 22.09.2021 година директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејство што морало да се изврши.

„Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12 000 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“, велат од ОЈО.

Судот со Решение на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. ​​

Локални избори 2021