четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 178
home Хроника

Осум сообраќајки вчера во Скопје, повредени пет лица

Осум сообраќајки вчера во Скопје, повредени пет лица

Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во две била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и двајца почетници, како и 10 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 94 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 63 возила.

Коронавирус