петок, 7. август 2020. Вести денес: 114
home Хроника

Осум дена притвор за насилникот од автокампот Градиште

Осум дена притвор за насилникот од автокампот Градиште

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во автокампотот Градиште во Охрид извршил грубо насилство  врз три лица.

– Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Обвинителството, па со решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка, со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, како што се наведува, осомничениот го сторил кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. (МИА)

Коронавирус