вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 145
home Хроника

Осум дена по сообраќајка отишла на лекар: Тешко повредена жена од Кочани

Осум дена по сообраќајка отишла на лекар: Тешко повредена жена од Кочани

На 29.06.2021 во 16:00 часот од Јавната здравствена установа – Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека на 21.06.2021 околу 19:30 часот, на крстосница од ул.„Страшо Ербапче“ и ул.„Роза Петрова“, патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(31) од Кочани удрило во пешакот Д.И.(51) од Кочани и го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата Д.И. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар на 29.06.2021, кога таа се јавила на лекарски преглед.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Кочани.

Коронавирус