Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера околу 16 часот на улица „102“ во Тетово, го привеле 29-годишниот тетовец Л.М.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека лицето кое се барало со судска наредба е осудено на двегодишна затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „озвоможување на употреба на наркотични дроги“ ( член 215 и 216 од Кривичниот законик ).
По приведувањето Л.М. спроведен е во КПУ „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.