петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Хроника

Организирале семејна веселба, па завршија приведени – ги пријавил сопственикот на угостителскиот објект

Организирале семејна веселба, па завршија приведени – ги пријавил сопственикот на угостителскиот објект

С.И.(65) од Гостивар вчера  во СВР Тетово пријавил дека околу 19 часот и 15 минути во неговиот угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар бил нарушен јавниот ред и мир од М.Ѓ.(31) и Ж.Ѓ.(30), двајцата од Гостивар, кои оргaнизирале семејна веселба во објектот, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Двајцата пријавени приведени се во Полициската станица Гостивар и изготвени им се поднесоци.