вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 85
home Хроника

Опожарени возилата на пејачките Турунџиева и Ребека

Опожарени возилата на пејачките Турунџиева и Ребека

Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати пејачки. Првото возило мини купер било опожарено , а од пожарот било зафатено и второто возило, пишува Досие.мк.

Мини куперот кој горел е сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него било паркирано и зафатено од пожарот возилото на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Возилата биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза, пишува порталот.

Повредени нема, а увидот на надлежните ќе ги утврди причините за опожарувањето на возилата.

Информацијата ја потврдија од Пожарна од каде велат дека интревнцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час. Засега, според нивните информации пламенот зафатил 6 квадрат простор.