вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 58
home Хроника

Oпожарени две вили во Карбинци: Пожарникари се борат со пламенот, ветерот им ја отежнува работата

Oпожарени две вили во Карбинци: Пожарникари се борат со пламенот, ветерот им ја отежнува работата

Две вили се опожарени од кои едната и целосно изгоре во големиот пожар во атарот на општина Карбинци. Пожарот е почнат пред околу еден час, но поради ветерот зафатена е голема површина на земјоделско земјиште и култури, а во опасност се доведени и објекти.

Градоначалникот на Општина Карбинци Јордан Насев за МИА вели дека од едната вила евакуирано е едно лице со инвалидитет. Пожарот се шири брзо поради ветерот и веќе е пристигнат кај препумната станица за вода во близина на село Радање.

Насев вели дека е ангажирано месното население кое им помага на штипските пожарникари кои веднаш се јавиле и дошле на опожарениот дел. Проблем им создаваат одредени шумски појаси каде што се издигнуваат пламени по неколку метри.

Засега никој не коментира која е причината за овој голем пожар во општина Карбинци.

Инаку, ова е веќе трета голема огнена стихија во општина Карбинци за речиси еден месец. Пред повеќе од половина месец изгореа 300 хектари житни култури, овошни и лозови насади.  (МИА)

Коронавирус