вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 24
home Хроника

Опколил продавница за сувенири во Струга со метални шипки под напон кој ги поставил на диво- 18 годишно момче погодено од струен удар

Опколил продавница за сувенири во Струга со метални шипки под напон кој ги поставил на диво- 18 годишно момче погодено од струен удар

Вчера во 22:40 часот во Полициска станица Струга, било пријавено дека на улица „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден Е.А.(18) од Струга откако се допрел со раката до диво поставени метални шипки кои биле под напон, нo истиот одбил да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош.

Од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека од страна на Е.А.(40) од Струга, сопственик на продавница за сувенири има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под напон.

Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.