сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Хроника

„Оперирале“ низ Неготино- тешки кражби во двор, куќа, продавница и црква

„Оперирале“ низ Неготино- тешки кражби во двор, куќа, продавница и црква

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против С.Д.(24) од Неготино и 14-годишник со престојувалиште во Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени по две кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.

На 08.11.2020, пријавените од двор од семејната куќа на Љ.Д. од Неготино одзеле мобилен телефон, а на 08/09.12.2020 од продавница во Неготино одзеле пари.

Според исказ на оштетената, на 09.02.2021 малолетникот влегол во домот на С.В. и одзел чанти, а потоа заедно со С.Д. одзеле пари.

Наредниот ден двајцата пријавени одзеле пари од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Демир Капија.

Коронавирус