понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 177
home Хроника

ОЈО Велес со предлог казни против девет лица за непочитување полициски час

ОЈО Велес со предлог казни против девет лица за непочитување полициски час

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно го нарушиле полицискиот час.

За сите обвинети надлежен јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Коронавирус