понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Хроника

ОЈО со детали за трагедијата во Чаир- Ќе се испитува дали имало дозвола за градилиштето

ОЈО со детали за трагедијата во Чаир- Ќе се испитува дали имало дозвола за градилиштето

Во големата таргедија која денеска го потресе Чаир и Скопје, кога земја падна врз работници, починаа двајца браќа, а едно лице е повредено и се наоѓа во болница.

ОЈоОинформира дека несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се срушил дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди.

Во насока на расчистување на настанот и утврдување на причинско последичните поврзаност за несреќата и смртта на двајцата браќа, јавниот обвинител издаде Наредба за прибирање на податоци во врска со постоењето на градежна дозвола за вршење ископ, во однос на инвеститорот , како и изведувачот на работите. Издадена е и Наредба за вршење на обдукција на телата на починатите. На лице место беа повикани и службени лица од Државниот инспекторат за труд.

– „Повикот беше во 11:05 часот за затрупани работници во канал, со можни смрте случај на еден рботник. Испратена е екипа, пристигна за 5 минути, во исто време повикана пожарна единица за да се копа каналот, икопувањето одеше потешко. На лице место еден од повредените беше во свесна состојба, главата му беше над земјата, другите двајца беа целосно затрупани. Пожарната екипа интервенираше, повредениот беше цело време со кислородна поддршка, додека се ископуваше земјата, нашата екипа го пренесе во болница. Освен мали нагмечувања не се пожали на други повреди. За жал, останатите двајца беа без знаци на живот“, вели Д-р Марина Сотировска од итната медицинска помош за Тв21.

Општина Чаир се огласи по страшната несреќа денеска кога земја затрупа работници, при што за жал двајца загинаа на лице место, еден е повреден.

Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството на настраданите во денешната несреќа која се случи наспроти Основното Училиште “Пенко“. На местото на настанот, веднаш излезе Инспекторатот на Општина Чаир за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.

Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – Сабота.

Коронавирус