вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Хроника

ОЈО Скопје поведе постапка против едно лице поради фалсификување на ПЦР тест

ОЈО Скопје поведе постапка против едно лице поради фалсификување на ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека повело постапка против лице од гостиварското село Сенокос за кривичното дело „фалсификување исправа“ согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

– На 17 март, 36-годишниот обвинет се обидел да ја напушти државата преку Меѓународниот аеродром Скопје, употребувајќи фалсификуван медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаел дека не се тестирал и дека таков сертификат не е издаден од наведената болница, тој исправата ја употребил како вистинита пред аеродромските служби, информираат од гостиварското обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог со кој предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Коронавирус