понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 87
home Хроника

ОЈО Скопје поднесе обвинение против три лица поради непочитување на полициски час

ОЈО Скопје поднесе обвинение против три лица поради непочитување на полициски час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно oбвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица, за кривично дело – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на COVID-19, се вели во соопштението од ОЈО.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност. ​

ЕУРО 2020

Македонија